Португалскиот стратег од синоќа и официјално остана без работа откако Манчестер јунајтед го загуби трпението за слабите резултати и му врачи отказ.
Жозе Мурињо денеска излезе со официјално соопштение по повод неговото заминување од клубот.
„Бев неизмерно горд да го носам беџот на Манчестер јунајтед уште од првиот ден кога пристигнав и верувам дека сите фанови на Јунајтед го препознаваат тоа. Исто како што беше случај и со моите претходни клубови, работев со некои прекрасни луѓе и верувам дека некои од нив ќе останат мои пријатели до крајот на животот. Знам дека сите вие сте свесни за моите професионални принципи. Секогаш кога едно поглавје ќе се затвори јас покажувам најдлабока почит и не сакам да давам било какви коментари за моите поранешни колеги. Се надевам дека медиумите исто така ќе ја почитуваат мојата позиција и ќе ме остават да го живеам мојот нормален живот до моментот додека одлучам да му се вратам на фудбалот. Среќен божиќ“, вели Мурињо.