Мурињо има пикирано големо голманско име за Рома

by
1 минути читање

Антонио Миранте ќе си оди Рома, а клубот ќе остане со Пау Лопез и Робин Олсен кој се враќа од позајмица во Евертон.

Но ниту еден од нив не го задоволува критериумот на Мурињо, ниту еден од нив не се истакна посебно во изминатата сезона.

Весникот „Ла Лупа“ пшува дека Давид Де Хеа е изборот на Мурињо. Се очекува тој вечерва да брани против Рома на Олимпико.

Престојното лето Давид Де Хеа би требало да биде подостапен од било кога бидејќи се смета дека е време првата голманска позиција во Манчестер јунајтед да ја завземе Дин Хендерсон.

Хендерсон претходно му порача на клубот дека не сака повеќе да чека на клупата за резерви, ако нема загарантиран првотимски статус ќе си бара нова средина каде што ќе може редовно да брани.

Хендерсон оваа сезона дури 23 пати беше прв голман на Јунајтед од кои десет пати во Премиерлигата. Тоа е показател дека времето на Де Хеа на Олд Трафорд се ближи кон крајот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×