Мурињо: Има нешто кое тешко го прифаќам…

by
1 минути читање

Предводникот на
Рома, Жозе Мурињо вели дека мошне тешко му е да прифати губење на талент во
светот на фудбалот, а потенцираше дека тренерите сопствените грешки ги плаќаат
со отказ, а фудбалерите со неиграње.

Грешките секогаш
се плаќаат, доколку јас направам грешка, истата ја плаќам со отказ, доколку
фудбалер го стори тоа, тогаш тој плаќа со неиграње, има нешто сурово во тоа, но
тоа е природно, не можеме да го исфрлиме
“ рече Мурињо.

Секогаш сум
дециден по тоа прашање, сакам да им помогнам на другите, но и на самиот себе си
за да бидеме подобри, а едно нешто ми е многу тешко да го прифатам, тоа е
губењето талент, тоа е нешто што по цели 30 години дел од фудбалот ми е
навистина тешко да го прифатам
“ додаде португалскиот фудбалски стратег.

Понекогаш
губењето на талентот се поврзува општо со животниот пат на еден фудбалер, јас
лично многу се променив изминатите години, сега повеќе мислам на насмевките на
обичните навивачи кога нивниот омилен тим победува, многу години сакав да
победувам за себе, сега сум во ситуација каде посакувам да победувам со ист
интензитет, но за фудбалерите кои никогаш не победувале, а не за себе…

подвлече Мурињо.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×