„Специјалниот“ минатото
лето инсистираше да му биде донесен нов дефанзивец, „ѓаволите“ се поврзуваа со
голем број на играчи, но на крајот никој не пристигна откако имаше недоразбирања помеѓу лидерите на клубот и Португалецот, односно тие не веруваа дека дал од имињата на списокот ќе го подобрат составот, а сметаа и дека сумата која требаше да се плати е привисока.
Уште на стартот
од новата сезона стана јасно дека Манчестер јунајтед има сериозни проблеми во
одбраната, а одмогнаа и честите повреди на играчите од последната линија. Па тимот од Олд Трафорд до сега има примено 26 погодока, и на само два меча во Премиерлигата успеа да
ја зачува мрежата.
Медиумите од
Англија пренесуваат дека минатата недела состанок имале Жозе Мурињо, неговиот агент Жорж
Мендеш и извршниот потпретседател Ед Вудворд, и паднал договор да биде засилена дефанзивата во зимскиот
преоден рок. Направен е одреден компромис, па сите се сложиле дека првата желба
на Португалецот, Калиду Кулибали од Наполи е прескап (преку 100 милиони евра).
Тие исто така
биле на иста бранова должина за тоа кој фудбалер ќе биде приоритет во јануари,
и изборот паднал на Тоби Алдервирелд.
Белгиецот е под
договор со „Спарси“ до 30. јуни 2019, но Тотенхем исто така може да ја продолжи
соработката за додатни 12 месеци. Доколку се искористи оваа опција, автоматски
се активира и откупна калузула од 25 милиони фунти.