Мурињо го задржа Мхитаријан и покрај кавгите во Јунајтед, Ерменецот потпиша нов договор со Рома

by
0 минути читање

Мхитарјан токму поради Мурињо си замина од Манчестер јунајтед откако се влоши нивниот однос, но минатото е оставено зад нив, тие ќе почнат нова соработка.

Договорот на Мхитарјан со Рома истекуваше летово, тој синоќа стави потпис на продолжување на соработката за уште една сезона.

Тој имаше одлична сезона, одигра 46 мечеви во сите натпреварувања, постигна 15 голови, имаше и 13 асистенции.

„Во овие две години Рома ме освои, и составот и градот, благодарност за неверојатната пасија на фановите. Клубот е многу амбициозен и горд сум што ќе бидам дел од него и следната сезона“, изјави Мхитарјан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×