Мурињо го убеди Абрахам да се пресели во Рома

by
0 минути читање

Рома и Челси одамна постигнаа договор за Абрахам, но напаѓачот во прв момент не сакаше да ја напушти Англија.

Сепак, по неколку повици од Жозе Мурињо, Абрахам се предомисли и наскоро ќе стане нов играч на Рома.

Медицинските тестови се закажани за денес од 14 часот.

Рома на Челси ќе му плати 40 милиони евра, а Абрахам ќе добива 5 милиони евра по сезона плус бнуси.

Во договорот ќе има и бај-бек клаузула, Челси ќе може да го врати Абрахам за 80 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×