Мурињо го прашаа за парите кои ги потрошил Клоп а тој зборуваше за куќи и мебел

by
2 минути читање

Уште пред стартот
на сезоната, „Специјалниот“ ги обвини Јирген Клоп и Ливерпул дека се обидуваат
да ја купат титулата откако „Црвените“ силно инвестираа на трансфер пазарот и
потрошија околу 170 милиони фунти за засилувања.

Ливерпул одлично
ја започна новата сезона, во моментов е лидер, и има 16 бода повеќе од Жозе
Мурињо и Манчестер јунајтед, кои овој викенд гостуваат на Енфилд.

Па на денешната
прес конференција, Португалецот одново беше запрашан на оваа тема. Жозе Мурињо
сега беше прилично резервиран кога се во прашање критиките, но затоа пак ги
насмеа сите со аналогијата која ја направи.

„Видете, не е
само тоа колку пари сте потрошиле, во предвид треба да се земат и други
фактори. Не е само трошење на пари и засилување на составот, еден фудбалски тим
е многу повеќе од ова“
– рече тренерот на Манчестер јунајтед.

„Фудбалски тим е
како куќа. Кога имате куќа, не треба само да купите мебел. Најпрво треба да
поработите на куќата и потоа кога таа е готова, тогаш купувате мебел, трошите
пари за најдобриот мебел и сте подготвени да живеете во прекрасна куќа“.

Запрашан колку
неговиот Манчестер јунајтед е далеку од тимот кој тој го има во мислите, Жозе
Мурињо одгвори: „Далеку, многу далеку“.

Пресот сепак не
можеше да помине без ситна провокација, па Жозе Мурињо уште еднаш го потсети
Јирген Клоп за неуспехот да донесе трофеи на Енфилд.

„Мислам дека
трофеите се важни, особено кога имаш потенцијал да се бориш за трофеи, и
особено кога е јасно дека целта ти е да се бориш за трофеи“.

„Едно е празни
зборови, а сосема друго е кога имате потенцијал, кога немате што да криете,
кога од првиот ден знаете што можете да направите и имате желба да го сторите
тоа… Секој може да каже „сакаме да победиме“, но друго е ова да го кажете
свесно и во корелација со потенцијалот кој го имате“.

„Не е моја работа,
но мислам дека Клоп веќе кажа дека тие сакаат да ја освојат Премиерлигата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани