Жозе Мурињо е
решен во намерата да ја зацврсти својата дефанзивна линија, а португалскиот
фудбалски стратег наводно тоа ќе го стори почнувајќи со ангажман на Јаник
Вестергард од Саутемптон.
„Дејли Експрес“
пишува дека Мурињо притиска во клубот за ангажман на стоперот кој инаку е висок
два метри и едноставно „царува“ со својата висина, а доста е опасен и во
прекините пред противничките голови, сезонава запиша три погодоци.
По неуспешните
обиди да се ангажира Милан Шкринијар од Интер, се чини дека Тотнем може
повторно да има успешни преговори со Саутемптон, ако се земе во предвид дека
обата клуба веќе реализираа успешно еден трансфер откако Пјер-Емил Хојбјерг е
одличен во Тотнем по трансферот од Саумтемптон.
Пред неколку
денови медиумите на Островот известија дека Саутемптон почнал преговори со
Вестергард за негов нов договор, а неговиот актуелен договор истекува идната
година.