Мурињо го „отпиша“ Педро, а тој сега ќе премине во најлутиот ривал на Рома?

by
1 минути читање

Педри е на чекор
до трансфер со кој на големо ќе ги налути навивачите на неговиот моментален
клуб Рома, бидејќи се шпекулира дека е близу до потпис со Лацио, меѓутоа
најпрво ќе треба да го раскине договорот со „Римската волчица“, кој има важност
до 2023 година.

Како и да е, 34
годишниот Шпанец не е во плановите на новиот тренер Жозе Мурињо кој не го ни
повика за подготвителниот период, а сега фудбалерот од средниот ред би можел да
се пресели во најлутиот ривал на Рома, тимот на Лацио.

Во Италија
известуваат дека договорот практично е финализиран, со тоа што Педри наводно се
согласил на две годишен договор со „Лацијалите“, а раскинот на договорот со
Рома ќе биде со двострана согласност, иако се верува дека клубот ќе добие
одреден вид на обештетување во форма на бонуси кои ќе бидат во зависност од
неговите перформанси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×