197
Повеќе медиуми во
Италија објавија дека Рома на барање на својот нов тренер Жозе Мурињо тргнува
со сите сили по потписот на голманот на Вулверхемптон, Руи Патрисио.
Преговорите
помеѓу Рома и Вулверхемптон се веќе во тек, а се верува дека Премиерлигашот
бара обештетување во висина од околу 12 милиони евра, иако од Рома првичната
понуда засега изнесува 7-8 милиони евра, а дополнително има и бонуси.
Се верува дека
разликата во преговорите помеѓу обата клуба може лесно да се надмине, а
преговорите ќе продолжат и наредните денови, со тоа што од Вулверхемптон веќе
го пикирале Жозе Са од Олимпијакос како наследник на Португалецот.