Мурињо досега има три понуди за да му се врати на фудбалот

by
1 минути читање

Жозе Мурињо веќе од следната сезона би можел да му се врати на фудбалот, веќе има понуди, но се чини дека Португалецот ќе почека до крајот на сезоната за да одлучи.

Тој досега има понуди од Селтик, Валенсија и Рома.

Во Шпанија и Италија веќе има работено, но не и во Шкотска. 

Ставот на Жозе Мурињо беше дека сака да работи во најдобрите лиги, а Шкотска освен ривалството меѓу Селтик и Ренџерс речиси и да нема ништо друго примамливо за глобалната публика.

Поради неславната авантура во Тотнем во која не освои титула, Мурињо станува неатрактивен за најголемите клубови, па овојпат се чини дека ќе треба да се задоволи со ангажман на клуб од вториот ешалон кој не настапува во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×