212
Легендата на
италијанскиот прволигаш Рома, Франческо Тоти изјави дека „Римската волчица“ го
ангажирала најдобриот тренер, алудирајќи на Жозе Мурињо, а португалскиот
фудбалски стратег веднаш возврати на овие комплименти.
„Ти благодарам на
твоите зборови, Франческо, штета е што дојдов со задоцнување од четири години,
да ти бидам тренер би било задоволство“ напиша Мурињо во својата објава на
социјалните мрежи.