Мурињо до селекторот на Англија: Едно нешто можам да ти ветам…

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Тотнем, Жозе Мурињо се чини дека испрати и повеќе од јасна
порака до англискиот селектор Герет Саутгејт во однос на тоа како најдобро да се
менаџира Хари Кејн, за клубот, како и националниот состав.

Капитенот на
Англија повторно ќе биде дел од интернационална пауза, меѓутоа најпрво следи
контролката со Велс, за која Мурињо смета дека е нелогично Кејн да настапи,
алудирајќи на тоа дека на напаѓачот очајно му е потребен одмор по петте меча во
само 12 денови за клубот.

На мојот
пријател Гери, тоа што можам да му го ветам е дека до крајот на сезоната нема
да го играм Хари Кејн ниту една минута на било кој пријателски натпревар
“ рече
Мурињо.

Овој меч беше од
големо значење за нас, меч кој значи милиони фунти и значи дека ние сме во
групната фаза од натпреварување во кое имаме големи амбиции
“ додаде
португалскиот фудбалски стратег алудирајќи на хет-трикот на капитенот во убедливата
победа од 7-2 против Макаби Хаифа во последната пречка за влезот во групната
фаза од Лига Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани