Деле Али беше на клупата за резерви против Андерлехт и таму остана и покрај тоа што Мурињо направи пет замени. Откако Португалецот ја направи и петтата измена, Али стана од клупата и замина во соблекувалната.
„Да не бегаме од реалноста. Фудбалер кој е на клупата и кој сфаќа дека сите пет замени се направени а тој не влегол, се разбира дека не е среќен со тоа и јас не би очекувал да биде среќен“, вели Мурињо.
Хари Винкс кој беше стартер, беше изваден од игра во 59. минута и тој веднаш замина во соблекувалната.
„Јас му реков да оди таму, на секој играч кој го напушта теренот во ладно време, му велам дека подобро е да оди на туширање и да остане на топло во соблекувалната. Некои одат, некои преферираат да останат со тимот. Винкс одлучи да оди и јас сум среќен со тоа бидејќи јас му го кажав тоа“.