Мурињо брзо го напушти пресот: Не сакам да кажам ништо за судиите, во спротивно ќе ме суспендираат

by
1 минути читање

Заврши серијата без пораз на домашен терен на Жозе Мурињо во Серија А која траеше 43 натпревари. Милан со 2-1 ја победи Рома на Олимпико.

Имаше ситуации за дискусија, дали Милан заслужи пенал, и дали ако тоа беше најстрога казна по тој критериум и Рома требаше да добие пенал во самиот финиш. Португалецот одби да го коментира судењето, но неговиот став е јасен.

„Честитки за Милан. Не сакам да кажам ништо друго бидејќи во спротивно нема да бидам на клупата следниот меч“, изјави Мурињо.

„Не игравме добро, но оставивме се на теренот. Тоа е се“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани