Мурињо би можел да добие подолга суспензија за тоа што му го кажал на судијата Паирето

by
1 минути читање

Откако виде колку минути ќе има судиско продолжение на мечот со Верона, Мурињо збесна по што беше исклучен. Португалецот со раката направи гест како да зборува на телефон и му рече нешто на судијата.

Според „Ла Стампа“, Мурињо му дофрлил на судијата Паирето: „Те пратија тука со задача, Јувентус те прати“.

Братот на Лука Паирето, Алберто работи во Јувентус веќе осум години, прво како главен директор за настани, а потоа како главен за турите на стадионот. 

Таткото на Лука е поранешен судија, Пјерлуиџи Паирето кој беше дел од Калчополи скандалот по кој Јувентус беше префрлен во Серија Б. Тогаш заврши неговата кариера бидејќи беше доживотно суспендиран.

Јувентус е конкурент на Рома за позициите во Европа, па поради поврзаноста на фамилијата на Лука со торинскиот клуб, Мурињо го рече тоа што го рече.

Се прогнозира дека ќе биде суспендиран на два или три натпревари, а не само на еден колку што е вообичаено за тренерите кога ќе бидат исклучени од некој меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×