Мурињо бесен на судиите: Немаме шанси за Скудето, но барем да имаме право да го победиме Наполи

by
2 минути читање

На мечот меѓу Наполи и Рома имаше спорни одлуки во корист на домаќинот, особено стартот за пенал врз Николо Заниоло за кој судијата не сакаше да погледне ниту снимка. За многу поблаг прекршок Наполитанците добија пенал.

Иако со реми си заминува од тешкото гостување, Мурињо беше бесен на судиите.

„Го славев голот бидејќи изгледаше невозможно дека од овој меч можеме да излеземе со позитивен резултат“, вели Мурињо.

„Мојот тим беше фантастичен. По мечот во четвртокот во Конференциската лига, овој натпревар беше како да го искачуваме Монт Еверест, но покажавме голем квалитет, карактер, неверојатен фитнес и ментална сила и успеавме. Сакавме повеќе, но дојдовме до тоа што беше возможно“.

„Има тимови кои се борат за Скудето, ние не сме меѓу нив, но и покрај тоа имаме право да играме и да се обидеме да победуваме на натпреварите. Денеска ми изгледаше како да немаме право да играме на победа на овој меч“.

„Прочитав, некој имаше напишано дека Скудетото ќе го добие тој тим за кој судиите ќе направат помалку грешки против нив. Јас ќе речам дека лигата исто така може да биде одлучена доколку се прават грешки во корист на тие тимови“.

„Изгледаше невозможно да победиме на воовј меч. На моменти ме фаќаше срам крај аут линијата“.

„Заноли требаше да добие втор жолт, во секоја лига во светот тоа е жолт картон. Второ, недосудениот пенал над Заниоло. Во ред, голманот стигна до топката, но не ја фати, а таа беше на дофат на Заниоло кој беше фаулиран“.

Рома има серија од 12 натпревари без пораз во лигата. Мурињо вели причина што не се борат за Скудетото е слабиот старт на сезоната во која тој се уште го оформуваше тимот.

„За жал не бевме доволно добри во првиот дел од сезоната додека го формиравме составот и не можеме да се бориме за скудетото, но сакаме да имаме право да победуваме на натпреварите“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×