Спорниот момент се случи на самиот старт кога Рик Карсдроп го фаулираше Нико Гонзалез на линијата од шеснаесетникот.
Главниот судија не покажа пенал во прв момент, но ВАР реагираше по што судијата ја промени одлуката и покажа на белата точка.
Контактот беше мек, подоцна и во студиото на ДАЗН, судискиот експерт Лука Марели оцени дека немало прекршок за пенал. Контактот бил мал, главниот судија бил блиску до прекршокот, па ВАР воопшто не требало да реагира. Беше оценето дека е грешка.
„Објаснување… долго време чекаме објаснување и немаме објаснување“, вели Мурињо по мечот.
„Јасно е дека бевме уморни од мечот во четвртокот, и физички и ментално, споредено со тим кој имаше цела недела да се подготви“.
„Но сакам да слушнам објаснување од г-дин Банти од Ливорно, што не е далеку од тука. Јас веќе ја погледнав снимката, има контакт, но не е фаул. Судијата беше блиску и не досуди фаул. Во ВАР собата, г-дин Банти интервенираше“.
„Настрана од пеналот, Фиорентина беше подобра, играа во подобро темпо и концентрација и заслужено победија. Не е проблем што ги загубивме овие три бода, но загубивме многу, многу други поради лоши одлуки на ВАР“.
„Зошто ВАР викна судија како Гуида кој беше на десет метри од настанот, го виде моментот и не досуди пенал? Зошто? Овие објаснувања сакаме да ги имаме“.
„Да, ние сме во финале, емотивно и физички сме испразнети за клуб како Рома, но исто така треба да играме и во лигата, имаме обврски и во лигата. Она што му се случува на овој тим, навистина е премногу“.
„Знаеме дека имаме почит од фановите на Рома, но исто така сакаме да имаме и почит од луѓето како Банти во овој свет кои седат во удобни столчиња и зимаат, многу, многу бодови од овој тим“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.