Англија по победата од 2-0 над Германија, навидувм има лесен пат кон финалето на Вембли. Во четвртфиналето и полуфиналето ќе нема ѕвезден противник.
„Гледав натпревар каков што очекував да гледам. Голем меч, имаше дуели. Двата тима се почитуваа меѓусебно многу, но според мене Англија беше многу, солидна и погоди во вистински момент“, вели Мурињо.
„Имаа и малку среќа. Среќен сум за Саутгејт и фудбалерите, и англиските фанови бидејќи ова е голем момент“.
„Мислам дека фудбалот се враќа дома (It’s coming home), но се уште не е вратен дома. Уште е долг патот“.
„Не гледам дека Англија ќе загуби од некој од четрите тимови со кои би можела да игра четвртфинале или финале, но треба да го почитувате фудбалот. Франција не е таму затоа што не ја почитуваше играта“.
„Ќе бидам многу разочаран ако Англија не игра во финалето“.
Мурињо претходно за Франција изјави дека загубиле затоа што почнале прерано да слават непочитувајќи го противникот.