Му требаа само 15 минути, Лукаку ја затресе мрежата на Арсенал во дербито на Лондон (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Лукаку почна да
ги тресе мрежите по враќањето во Премиерлигата, попладнево, фудбалерот од
Белгија постигна гол против Арсенал во дербито на Лондон.

На напаѓачот му
беа потребни 15 минути за да се запише во листата на стрелци. По една акција, голгетерот
навлече неколку играчи на себе, тоа отвори простор на десната страна каде Рис
Џејмс доби топка, за десниот бек потоа да му намести зицер на Лукаку, кој од
пет метри рутински реализираше за 0-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×