Пред десетина
дена, Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Шахтар, им се закануваше испаѓање
од Лигата на шампиони, па се погласни беа гласините за отказ на Зинедин Зидан.
Сепак,
„кралевите“ се покажаа кога најмногу требаше. Најпрво победија на гостувањето
кај Севиља, потоа дома ја добија Борусија Менхенгладбах и го освоја првото
место во групата за денеска да бидат комплетирани перфектни седум дена со
триумф од 2-0 над Атлетико Мадрид.
Касемиро и
Карвахал се погрижија за славје против локалниот градски ривал. По 15 минути
игра, Бразилецот скокна највиско по еден корнер и донесе предност од 1-0.
Во 63. минута од
мечот, Карвахал испрати проектил од врвот на шеснаесетникот, ја погоди
стативата, но топката се одби од грбот на Облак и заврши во мрежата.