105
Немаше многу возбудувања во првиот полуфинален меч меѓу Лацио и Милан. Домаќините имаа повеќе од играта во првото полувреме, се обидуваа да му дадат гол на Донарума, но тој го сочува својот гол.
Второто полувреме беше уште помалку интересно, речиси и да немаше шанса за гол, па резултатот 0-0 беше неизбежен. Милан може да е позадоволен бидејќи реваншот ќе го игра дома. Тој натпревар е закажан за 24. март.
Утре се игра првиот натпревар од другиот полуфинален дуел, Фиорентина ја пречекува Аталанта.