Големи беа очекувањата од дербито меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул, но не само што немаше голови, туку немаше и вистински шанси за гол.
Она што го одбележа дербито се големиот број на повреди кои се случија во првото полувреме.
Солскјер мораше да направи три замени, најпрво се повреди Ерера, на негово место влезе Переира. Во 25. минута се повреди Мата, Лингард влезе во игра наместо него, но само 18 минути подоцна тој мораше да излезе поради повреда, Алексис Санчез влезе.
Една принудна измена во првиот дел мораше да напрви и Клоп, се повреди Фирмино, а во игра влезе Даниел Стариџ.
Освен повредите во првото полувреме, друго поинтересно на мечот речиси и да немаше.
Со овој бод Ливерпул сега има бод повеќе од Манчестер Сити, а Јунајтед падна на петтата позиција.
На четвртото место се искачи Арсенал кој денеска со головите на Лаказет и Мхитарјан го победи Саутемптон со 2-0.