Мрежите мируваа на дербито меѓу Гостивар и Работнички, Силекс подобар од Струга

by riste
2 минути читање

Дербито кое се играше во Маџари меѓу Гостивар и Работнички заврши без голови, во Кратово Силекс го совлада актуелниот шампион Струга.

Амбициозниот тим на Гостивар кој атакува на титулата одигра уште едно реми, овојпат против Работнички кој исто така се бори за врвот.

На теренот во Маџари каде што е домаќин Гостивар, гледачите видоа по неколку шанси на двете страни, но гол немаше, мечот заврши 0-0.

На второто дерби во ова коло Силекс со 3-1 ја победи Струга и се качи на третата позиција.

Хрвановиќ и Осман дадоа два гола во првото полувреме за водство на Силекс од 2-0. Струга по една одлична акција пред крајот на полувремето успеа да го намали водството на кратовци на 2-1.

Брзо по почетокот на вториот дел Алиќ даде гол за зголемување на водството на Силекс на 3-1, што беше и конечен резултат.

Шкендија со прекрасен гол на Алхасан во првото полувреме го победи Тиквеш со минимални 1-0.

Шкупи беше сигурен против Пелистер победувајќи го со 3-1. Со тој резултат заврши и натпреварот меѓу Воска и Брера.

Вчера Вардар и Беса одиграа без голови.

Резултати 21. коло:

Силекс – Струга 3-1
Гостивар – Работнички 0-0
Шкендија – Тиквеш 1-0
Шкупи – Пелистер 3-1
Воска – Брера 3-1

Вчера

Вардар – Беса 0-0

Табела: Шкендија 46, Силекс 41, Работнички 41, Гостивар 40, Струга 32, Шкупи 31, Пелистер 23, Брера 20, Воска 18, Вардар 17, Тиквеш 15, Беса 15.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани