Бепе Марота важи
за еден од најдобрите оперативци во светот на фудбалот, беше еден од најзаслужните
за тимот кој Јувентус го изгради и доминацијата на „старата дама“ од 2011 до
2020 година во Серија А, а го
изгради и тимот на Интер, кој успеа да стави крај на доминацијата и да го освои
Скудетото во сезоната 2020/21.
Тој има погодено
голем број на засилувања, но има направено и многу грешки, една од нив е Ерлинг
Халанд.
„Жалам за неколку
зделки, најголемата веројатно е Ерлинг Халанд. Можев да го донесам во Јувентус
за 2-3 милиони евра. Во ваков случај, треба да имате храброст и сила да одите
преку предвидениот буџет кога сите велат дека се работи за талент кој вреди да
биде купен“ – вели Бепе Марота.
„Халанд сега е еден
од најдобрите напаѓачи во Европа, и за жал, сега е невозможно да дојде во
Серија А. Клубовите од Италија немаат шанси да го купат следното лето“.