Со месеци се
пишува дека Кристијано Роналдо летоска ќе го напушти Јувентус, според Ла Ребулика,
ЦР7 веќе ја известил соблекувалната на „старата дама“ дека заминува.
Манчестер
јунајтед, ПСЖ и Спортинг беа посочувани како можни дестинации, а денешното
издание на Ла Стампа говори за една лудо трансфер сценарио.
Весникот
пренесува дека Жозе Мурињо му се јавил на Кристијано Роналдо да го праша какви
му се намерите за иднината и се обидел да го убеди својот сонаордник да му се
придружи во Рома.
Зделката е
прилично комплицирана, не само поради трансфер сумата и платата на напаѓачот,
туку и поради амбициите. Со преселба во Рим, ЦР7 ќе треба да се откаже од
своето омилено натпреварување Лигата на шампиони, и да игра во новата и
анонимна Конференциска лига.
Единствена
позитивна работа е тоа што ќе остане во Италија и ќе плаќа само 100.000 евра данок
на приходите од странство.