Џејдон Санчо игра одлична сезона за Борусија Дортмунд, речиси сигурно е дека во летниот преоден рок ќе го промени клубот и ќе се пресели во нова лига.
Како фаворит за неговите услуги се споменува Манчестер јунајтед, но „Сан“ пишува дека трансферот може да не се реализира доколку доколку Борусија Дортмунд не ја намали бараната сума од 130 милиони евра за Санчо.
Поради непопуштањето на Дортмунд, Манчестер јунајтед полека се насочува кон играчот на Астон Вила, Џек Грилиш.
Ваквиот развој на настаните будно го следи Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе сака да го засили составот откако е јасно дека ќе ја загуби битката за титулата во Премиерлигата.

Англискиот весник пишува дека Санчо им кажал на пријателите дека доколку не потпише за Манчестер јунајтед, постои можност да се врати во Манчестер Сити.
Во 2017 година Сити му понуди на Санчо неделна плата од 30.000 фунти која беше рекордна за играч на академијата, ама тој замина во Борусија Дортмунд со цел да добие поголема шанса за играње.
Сега откако стана една од главните ѕвезди во Борусија Дортмунд, неговиот статус во Манчестер Сити би бил сосема поинаков.