Мотив плус: Тотнем можен противник на Шкендија, Галатасарај на Ренова, Легија на Силекс

by
1 минути читање

Жозе Мурињо
повторно може да гостува во Македонија, овој пат со Тотнем. „Спарси“ се можни
противници на Шкендија во третото коло од Лига Европа.

Доколку
„црвено-црните“ од Тетово слават на гостувањето кај Ботошани, а Тотнем не
киксне кај Локомотив Пловдив, Шкендија ќе го пречека гигантот од Северен Лондон
на
24. септември.

Атрактивен противник
доби и Ренова
, односно
потенцијално гостување кај турскиот великан Галатасарај. Доколку „гипсарите“ испаднат
како подобри од Хајдук, а „жолто-црвените“ слават кај Нефчи, тогаш Ренова ќе
гостува во Истанбул.

Силекс исто така
доби силен противник, доколку ја помине Дрита, ќе гостува во Полска кај Легија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани