Морати упати пофалби на сметка на Конте

by
1 минути читање

Поранешниот прв
човек на италијанскиот прволигаш Интер, Масимо Морати упати пофалби на сметка
на предводникот на „Нероаѕурите“, Антонио Конте кој е близу враќање на
Скудетото во клубот од Милано по подолга пауза.

Конте е на прагот
да дојде до четвртото Скудето во својата кариера како тренер, а прва со Интер,
што веројатно доаѓа како големо задоволство за Морати.

Скудетото ќе
дојде по подолг период, мораме да го споменеме интернационалниот карактер на
целата оваа приказна, ми се чини дека тимот е во апсолутно позитивна ситуација

рече Морати.

Конте си ја
одработи својата задача одлично, тој креираше таков стил на игра што придонесе
тимот да стане мошне силен и капацитетен за освојување на титулата
“ додаде тој.

Тој пристигна во
клубот како поранешен фудбалер на Јувентус, но се покажа како доста сериозен и
професионалец со висок капацитет за тоа што го работи
“ заклучи Морати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×