Мората замина во Турција, Милан договара нов напаѓач!

by riste
1 минути читање
Мората

Милан и Галатасарај постигнаа договор за трансфер на Алваро Мората во турскиот клуб, а росонерите се во напредни преговори со Феенорд да го ангажираат Сантијаго Хименез.

Мората оди во Турција на позајмица до крајот на сезоната со опција таа да се зголеми на уште една година. Плус во договорот има и опција за целосен откуп.

Милан го даде Мората бидејќи е уверен дека позитвно ќе ги заврши преговорите со Феенорд за Сантијаго Хименез.

Првата понуда на Милан беше одбиена, но денеска ќе има нова рунда на преговори во која росонерите ќе предложат поголема сума која би требало да биде прифатена од Феенорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани