Алваро Мората има интересна приказна од почетоците на кариерата во Реал Мадрид и како Жозе Мурињо го начекал на паркингот додека тој на „буткање“ го палел својот стар автомобил Сеат Ибица.
Иако Жозе Мурињо често е контроверзна фигура која предизвикува поделени мислења, Алваро Мората за него зборува само со голема почит. Напаѓачот не го памети Португалецот само како човекот што му дал шанса во првиот тим на Реал Мадрид, туку и поради еден гест што никогаш нема да го заборави.
„Кога влегов во првиот тим на Реал, си купив Голф. Но татко ми ми рече да не одам со него на тренинг во првите неколку дена, туку да го возам нашиот стар Сеат Ибица кој често се расипуваше. Понекогаш морав да го буткам, да ставам во втора и така да запали. Типичен стар автомобил“ – раскажува напаѓачот.
„Еден ден, во тренинг центарот ми помагаше соиграч бидејќи автомобилот повторно откажа. Тогаш покрај нас помина Мурињо и ме праша дали тоа е мојот автомобил. Кога му потврдив, само ми рече дека следниот ден ќе ми се јават од клубот“.
„И навистина ми се јавија и ме однесоа во салон на Ауди. Ми рекоа да изберам кој модел го сакам. Искрено, ми беше непријатно, „што ако тој дознаеше дека дома имам друг автомобил?“ Сакав да одберам Ауди А3, но ми дадоа А5, така кажал Мурињо“.
Тој потоа додава: „Жозе е неверојатен човек. Луѓето не можат ни да замислат колку е духовит и забавен кога не е пред камерите. Секогаш кога ќе се сретнеме, се смееме и убаво си поминуваме. Има редок талент истовремено да биде врвен мотиватор и одличен лидер на тимот“.
ФОТО: X/Como1907