Мората: Ова не беше лесен трансфер период за Интер, но задоволни сме

by
1 минути читање

Интер го загуби Конте откако не можеше да му вети посилен тим, а ги продадед Лукаку и Хакими, во обратен правец пристигнаа тренерот Инзаги и играчите Жоакин Кореа, Един Џеко, Хакан Чалханоглу и Дензел Думфрис.

„Не беше лесно, но Интер се соочуваше со истите потешкотии како и многу други клубови. Требаше да бидеме креативни и да ја искористиме компетентноста на секој дел од клубот за да го надоместиме недостатокот од инвестиции. Кореа-Лаутаро е убав двоец во нападот и среќни сме поради тоа“, вели Мората.

Од Серија А ова лето си заминаа повеќе големи играчи како Лаутаро, Хакими, Донарума, Роналдо… но Мората вели дека доаѓањето на Мурињо е добар знак бидејќи погледите па ќе бидат насочени кон италијанската лига.

„Секогаш истите клубови се фаворти за титулата. Серија А загуби значајни фудбалери, но донесе нешто друго. Враќањето на Жозе Мурињо предизвикува нов интерес. Сигурен сум дека лигата ќе се врати во полн сјај откако ќе заврши овој период на финансиска криза“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×