Ждрепката посака
во осминафиналето од Лигата на шампионите да се судрат Атлетико Мадрид и
Јувентус, првата пресметка помеѓу двете екипи се игра вечерва и тоа на терен на
шпанскиот прволигаш кој несомнено има големи амбиции, но, пред себе има
противник кој за многумина важи за прв фаворит за европската титула оваа
сезона.
Како поранешен
член на Старата Дама, Алваро Мората е во центарот на вниманието во пресрет на
вечерашниот дуел во Мадрид, тој вели дека ова е вистински момент за Јорганџиите
да покажат и докажат што посакуваат, за противникот подвлече дека е одлична
екипа, а во однос на тоа дали би прославил евентуален погодок, вели дека првиот
гол во дресот на Атлетико би имал огромно значење за него, но, на реваншот во
Торино можеби такво нешто не би сторил.
„Ова е Лигата на
шампионите, ова е вистински момент за да покажеме и докажеме што посакуваме,
тие се одлична екипа, но, ние ќе се бориме докрај за да ги оствариме нашите
амбиции“ посочи шпанскиот напаѓач.
„Не можам а да не
го прославам мојот прв гол за Атлетико, доколку се случи такво нешто, можеби не
би го сторил тоа во Торино, како знак на почит, но мојот прв гол во овој дрес
би имал големо значење за мене“ додаде тој.
„Не би можел да
застанам во една таква ситуација и да барам да ми простат, точно е дека сакам
да ги испочитувам навивачите на Јувентус, колку што е можно повеќе, со оглед на
тоа што Јувентус се уште е мојот омилен тим во Италија, секогаш се радувам на
нивните победи, но, не би се радувал доколку не победат нас“ заклучи Мората.