Мората ја отвора вратата за Суарез во Атлетико, Шпанецот се враќа во Јувентус

by
1 минути читање

Един Џеко со
денови се најавува како ново засилување за Андреа Пирло, но трансферот го кочи
Аркадиуш Милик и неговата преселба во Рома. И додека се чека решавање на
иднината на Босанецот, неколку извори пренесуваат дека Јувентус отворил
преговори со Атлетико Мадрид за враќање на Алваро Мората.

„Кватро“ објави
дека се разгледува можноста Шпанецот да се пресели во Торино на позајмица и
големи се шансите во брзо време да падне договор бидејќи Алваро Мората сака да се
пресели во Италија а и Атлетико Мадрид бара начин како да направи место за Луис
Суарез во тимот.

Според новинарот
Фабрицио Романо од Скај Спорт, се работи за позајмица за која Јувентус ќе плати
10 милиони евра, а „старата дама“ ќе добие и опција во целост да го купи Алваро
Мората за додатни 45 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани