Мората инсистира на тоа дека Роналдо е среќен во Јувентус, но признава и натаму е револтиран поради една работа

by
2 минути читање

Нуно Луж од „Марка“
извести дека првата ѕвезда на италијанскиот првак Јувентус, Кристијано Роналдо
е отворен на идејата за враќање во Реал Мадрид претстојново лето, а
потпретседателот на „Старата дама“, Павел Недвед ги демантираше шпекулациите и
подвлече дека Португалецот ќе остане и идната сезона во клубот од Торино.

Од друга страна
пак, Алваро Мората инсистира на тоа дека Роналдо е среќен во Јувентус и покрај
фактот што се соочи со одредени критики по елиминацијата во Лигата на
шампионите, каде „Кориере дело Спорт“ дури го нарече и „предавник“ на клубот од
Торино.

Ова беше
навистина комплицирана година, мали детали не елиминираа во Лигата на
шампионите, тоа беше вина на секого во тимот
“ изјави Мората, потсетувајќи на болната елиминација за „Старата дама“ од Порто во елитното европско клупско првенство.

Не чувствувам
потреба да објаснувам кој е Роналдо, тој секогаш на најдобар можен начин се
обидува да го одбрани дресот на Јувентус
“ додаде шпанскиот напаѓач кој открива дека Роналдо и натаму е револтиран од раната елиминација уште во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Тој е навикнат
да игра во големите финалиња на Лигата на шампионите, но тој би бил истиот во
било кој друг клуб, тоа не е проблем на Јувентус, тој е среќен во тимот, но
едноставно е навикнат да победува, со самото тоа сосема е нормално што е
револтиран, јас мислам дека е среќен во Јувентус, а клубот, како и самиот јас
посакуваме да остане, Јувентус мора да го има најдобриот во светот
“ заклучи
Мората.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани