Мората би можел да го облече дресот на Интер

by
1 минути читање

Интер се распрашува околу потенцијален трансфер на Алваро Мората,
односно враќање на шпанскиот напаѓач во најсилниот фудбалски шампионат на
Италија, поточно, во дресот на „Нероаѕурите“.

Се чини дека големи
се очекувањата Единсон Кавани од ПСЖ, кој инаку беше на листата на желби на
Интер, да заврши во редовите на Атлетико Мадрид штом неговиот актуелен договор
со францускиот првак истече уште месецов.

Со оглед на
можниот трансфер на Кавани во Атлетико Мадрид, се верува дека Мората би бил
достапен за клубовите кои се заинтересирани за неговиот потпис, а најзагреан за
таа идеја е токму Интер.

„Тутоспорт“
наведува дека Интер веќе е во преговори за потписот на 27 годишниот Мората, а наводно
имало позитивни сигнали за можното враќање на шпанскиот напаѓач во
италијанскиот фудбалски шампионат, претходно играше во дресот на Јувентус.

Извесно е дека во
Интер се подготвуваат за животот по Лаутаро Мартинез, од поодамна е познато
дека Аргентинецот е голема желба на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×