67
Елиминацијата од Лигата на шампионите носи крупни промени во Рома. Отказ доби тренерот Ди Франческо, а сака да си оди и спортскиот директор Мончи.
Тој најверојатно ќе оди во Арсенал од кој има понуда. Лондонскиот клуб ќе треба да плати обештетување од 1,5 милиони евра бидејќи Мончи со Рома има договор до 2021 година.
Мончи беше подржувач на тренерот Ди Франческо, но претседателот на Рома, Џим Палота донесе одлука за промена.
Се верува дека уште денеска за нов тренер ќе биде назначен Клаудио Раниери кој неодамна доби отказ од Фулам.