172
Монца имаше речиси невозможна мисија да анаулира негатива од 3-0, но малку недостасуваше тоа да се случи. Со било каква победа од три разлика ќе се пласираа во финалето бидејќ во регуларниот дел имаа подобар учинок од Читадела.
Натпреварот беше 0-0 се до 58. минута кога Марио Балотели донесе водство за Монца од 1-0.
Во 78. минута Д’Алесандро со удар од далечина донесе водство од 2-0.
До последниот свреж на судијата Монца со сите сили напаѓаше и кон трет гол, но топката не влезе уште еднаш.
Венеција и Читадела ќе играт во финалето кое ќе го даде третиот патник во Серија А. Претходно таму пласман изборија Емполи и Салернитана.