159
Вечерва беше објавено дека Реал Мадрид на маса ставил 160 милиони евра за услугите на Килијан Мбапе, предлог кој веднаш бил одбиен од страна на ПСЖ.
Се најавува дека „кралевите“ ќе достават уште побогат предлог и останува да се види дали „светците“ ќе можат да го одбијат со оглед на тоа дека ризикуваат следното лето да го загубат Килијан Мбапе за беспари.
Целата ситуација внимателно ја следи и Монако, клубот од малото кнежевство чека богатство.
Кога го продадоа Килијан Мбапе во 2017 за 180 милиони евра, 35 милиони од оваа сума се поврзани со една клаузула. Овие пари ќе ги добијат доколку ПСЖ го продаде напаѓачот, или пак играчот стави потпис на нов договор.