Моментот кој покажува колку многу Роналдо ја посакуваше победата против Барса (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пресметката помеѓу
Барселона и Јувентус беше и пресметка помеѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо,
двајцата најдобри фудбалери на денешницата. Дуелот му припадна на ЦР7, кој со
два гола ја предводеше „старата дама“ до триумф од 0-3 и првото место во
групата.

Самиот Кристијано
Роналдо призна дека ова било речиси невозможна мисија, но одлучноста и желбата
се покажа како пресудна. За ова говори и моментот во финишот од мечот, кога Лео
Меси му ја протна топката на Леонардо Бонучи низ нозе но не се најде во гол
шанса само поради тоа што Кристијано Роналдо се врати во
сопствениот шеснаесетник да покрие.

Потегот на
Португалецот е за почит и покажува колку многу тој посакуваше со добар резултат
да го напушти Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×