Моќта на Премиерлигата, Астон Вила плаќа рекордна сума за ангажамн на Калвин Филипс

by
1 минути читање

Клубовите од
Премиерлигата имаат далеку поголема финансиска моќ од останатите, нов доказ за
тоа е намерата на Астон Вила да го ангажира Калвин Филипс од Лидс.

Фудбалерот од
средниот ред минатата сезона прикажуваше одлични партии, па се наметне во
репрезентацијата на Англија и беше стартер на Европското првенство, а го
привлече и вниманието на многу клубови.

Вест Хем во
јануари имаше неуспешен обид да го ангажира и покрај тоа што „чеканите“ на маса
ставија 50 милиони фунти.

Според пишувањата
на Тајмс, Астон Вила сега се посочува како нов фаворит за потписот на Калвин Филипс
во зделка вредна преку 60 милиони фунти (околу 72 милиони евра).

Доколку се
реализира еден ваков трансфер, Астон Вила ќе го сруши сопствениот рекорд, и тоа
за речиси двојно. Во моментов најскап е трансферот на Еми Буендија, за кого беа
платени нешто над 38 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани