Капитенот Горан Пандев со гол против Грузија ја однесе Македонија на Европско првенство и со настап на едно големо натпреварување ќе стави круна на неговата извонредна кариера.
„Заради извонредните спортски резултати и 20 годишна меѓународна афирмација на македонскиот спорт, Горан Пандев ќе биде прогласен за Олимписки Великан на МОК“, стои во соопштението на Македонскиот олимписки комитет.
Новиот претседател на МОК, Даниел Димевски им честиташе на фудбалерите.
„Најдобрите македонски фудбалери изгинаа на теренот, го одиграа најдобриот натпревар во овие квалификации, токму кога беше најпотребно! Сите со срце поголемо од најголемата планина, мудро, умно и со големо знаење и неверојатна смиреност, одлучност, сигурност и самодовербасе изборија за свое место во историјата на македонскиот спорт! Честитки момци, само гордо напред и со победа да го започнеме Европското првенство! Најдобри сте!!!“, истакна Даниел Димевски