203
Шефот на
стручниот штаб на Вест Хем, Дејвид Мојс открива дека „Чеканите“ сепак не биле
близу до трансфер на Џеси Лингард, а за тоа имал и разговор со Оле Гунар Солшер
кој јасно му дал дознаење дека сака да го задржи фудбалерот во својот тим.
„Оле ми стави
јасно дознаење во текот на преодниот рок дека посакува да го задржи во тимот“
рече Мојс.
Роналдо и Влашиќ го ставија Лингард во тесно
„Јас точно знаев
дека Лингард ќе остане во Манчестер јунајтед, а тоа го дознав навремено“ додаде
тој.
„Ги следев
шпекулациите околу Лингард, меѓутоа имав приватен разговор со Оле на кој тој
јасно ми стави дознаење дека Лингар ќе остане во неговиот тим“ подвлече
предводникот на „Чеканите“.