Мојс објасни зошто го пушти Нобл да шутира пенал

by
1 минути читање

Вест Хем пропушти
шанса да обезбеди бод против Манчестер јунајтед, „чеканите“ имаа пенал во
последните мигови по играњето со рака на Лук Шо.

Наместо некој од
играчите на терен да ја превземе одговорноста, Дејвид Мојс реши во игра да го вметне
Марк Нобл, кој со својот прв удар требаше да постигне гол. Фудбалерот од
средниот ред сепак не успеа да погоди, Давид де Хеа го одбрани неговиот обид.

„Добивме пенал и
јас во тимот го имам еден од најдобрите пеналџии во Премиерлигата и Европа.
Мислам дека повеќе ќе се каев доколку решев да не го пуштам во игра“
– вели тренерот
на Вест Хем.

„Го прашав дали е
подготвен, тој рече дека е подготвен. Има одличен скор, па зошто да не го
пуштам да шутне пенал? Претходно не реализиравме неколку пенали, па мислев дека
ова е прав момент да го пуштам Марк“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×