„Моите пријатели се утепуваат од работа, немаат пари но се посреќни, што е проблемот со мене?“

by
1 минути читање

Во разговор со новинарот Сид Лоу од ЕСПН, Шпанецот Сержи Дардер отворено говореше за проблемите со менталното здравје. Фудбалерот на Еспањол изгубил желба да тренира и игра, па морал да побара помош од психолог.

„Во 2020 се помирив дека нешто не е во ред со мене. Не сакам да го користам зборот депресија бидејќи има луѓе кои минуваат низ тешко време, но ми беше потребна помош. Сакав да бидам фудбалер, да имам куќа, автомобил, семејство, деца…. Имав се, но и покрај тоа не бев среќен“ – вели Сержи Дардер.

„Имав се за што сонував, но не бев среќен. Моите пријатели се утепуваат од работа, немаат пари но се посреќни од мене. Па се прашував, „Што е проблемот со мене?“ Цела година, мојата мајка, сопруга и агентот ми велеа, „Не ти е добро, наместо да се затвараш во соба, излези и побарај помош“. Ми беше тешко да го прифатам ова, но кога изгубив желба да одам на тренинг и да играм фудбал, го прифатив советот“.

„Побарав помош од психолог, да го ставам во ред животот надвор од терените, да имам добар однос со сопругата и децата“.

„Сега можам да кажам дека одново уживам во фудбалот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×