„Бјанконерите“ во
вторникот со два гола од пенал направија пресврт во вториот дел и славеа со 3-1
во првиот натпревар против Наполи во полуфиналето од Купот на Италија.
Гостите беа
бесени на судијата Валери и начинот на кој тој ја делеше правдата, веруваат дека
биле драстично оштетени и дури се заканија дека реваншот ќе го играат со
младинци.
Новите
контроверзии ги прокемнтира поранешниот директор на Јувентус, Лучано Моџи, кој
беше осуден во Калчополи скандалот од 2006.
„Бев на стадионот
и не видов причина за ваков бунт” – вели Моџи.
„Ми се чини дека
Јуве пак им е алиби на лузерите, исто како што беше во 2006. Се враќаме на
атмосферата од 2006”.
„Во Италија, да
се биде супериорен во однос на другите едноставно не е дозволено”.
„Ќе дадам еден
пример: Милан. Против Сасуоло, на домаќините не им беше досуден чист пенал и
како ништо да не се случило… дали тоа е нормално?”
„Јувентус не
одигра добро во првиот дел, но потоа Квадрадо влезе од клупата и натпреварот се
промени”.