Репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“ игра во одличан форма во својата прва сезона во Серија А и
со девет погодоци е далеку најдобар стрелец во Палермо.
Голем број на
клубови го следат Илија Несторовски, последни се имињата на Атлетико Мадрид и
Севиља.
Поранешниот
трансфер гуру на Јувентус, Лучано Моџи е пријатно изненаден од
„Нстогол“ вели дека Македонецот има се што му треба за да стане добар фудбалер
но додава дека се уште не е подготвен за голем клуб.
„Навистина сум
изненаден од Несторовски“ – вели Моџи. „Го гледав на дуелот со Италија“.
„Има одлично око
за погодок и се што му е потребно за да стане добар играч“.
„Но мислам дека
во моментов не е подготвен за голем клуб. Можеби за просочен, но не и за голем клуб“.
Останува да се
види каква ќе биде иднината на Илија Несторовски, претседателот на Палермо во
неколку наврати најави дека бара помеѓу 15 и 20 милиони евра за напаѓачот.