Хрватска забележа уште една убедлива победа откако вечерва со 5-1 ја совлада Чешка, Лука Модриќ со гол и асистенција ги предводеше „коцкестите“ до нови три бода.
По триумфот од 0-7 на гостувањето кај Гибралтар, Хрватска вечерва прикажа уште една одлична партија и тоа протви главниот конкурент за првото место во групата – Чешка.
„Коцкестите“ предводени од Лука Модриќ славеа со убедливи 5-1, капитенот со гол и магична асистенција на 39 години покажа дека има уште што да понуди.
Modric | 🇭🇷 Croatia 2-1 Czechia 🇨🇿pic.twitter.com/lOgvHCQB7U
— Goals Xtra (@GoalsXtra) June 9, 2025
WHAT AN ASSIST FROM LUKA MODRIĆ!!!!#CROCZE #WCQpic.twitter.com/cih2HYP44a
— Croatian Football (@CroatiaFooty) June 9, 2025
На вториот денешен натпревар во групата, Фарски Острови со 2-1 го совладаа Гибралтар.
Италија со 2-0 ја совлада Молдавија во последниот натпревар на Спaлети на клупата на „аѕурите“, а Халанд донесе победа од 0-1 на Норвешка на гостувањето кај Естонија и чекор поблиску до настап на Светско првенство.
ФОТО: X/HNS