Модриќ одбил нов договор од Реал Мадрид, Хрватот размислува за преселба во Италија

by
1 минути читање

Лука Модриќ,
според информациите кои одредени медиуми ги пренесуваат од Шпанија, се вели
дека ја одбил новата понуда од Реал Мадрид за нов договор и продолжување на
соработката помеѓу обете страни.

Шпанската локална
ТВ станица Телемадрид дека Хрватот категорично ја одбил новата понуда а се
шпекулира дека размислува за интересот кој за него го пријави Интер, па можна е
негова преселба во Италија.

Во тимот од
Милано играат неговите сонародници Шиме Врсаљко, Иван Перишиќ, како и Марсело
Брозовиќ, а токму тие се наведуваат како клучен фактор при оваа операција на
Нероаѕурите во обидот да се засилат со 33 годишниот Модриќ кој има важечки
договор со Кралевите до 2020. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани