Лука Модриќ вчера го одигра последниот натпревар во дресот на Реал Мадрид, а честитка за постигнатото во изминатиот период доби и од српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ.
На својот Интаграм профил, Ѓоковиќ објави фотографија од Модриќ со кратка порака.
„Лука, легендо!“, стои во неговата објава на социјалните мрежи.